Доаѓа маглата, носејќи сон и лудило, облевајќи ги своите лепливи прсти околу предметите. Во овој свет, длабок и слеп, сите ние сме само предмети. Наеднаш исчезнува сета надеж дека постоиме во светот и ние ги затвораме очите.
...во заднината на тилот се слуша тупкањето на срцето, осаменоста скапо наплаќа за нејзиното присуство... пред нас сеништа, зборуваат се погласно и погласно, а нивното пиштење го боде умот. Со секој искажан збор, сеништето ти го боде срцето. Се отвара празнината и проголтува... отиде надежта, насреде црнилото бледее тивката песна на молитвата, згаснува радоста, и наеднаш сум гладен.
За што си гладен?
-Не знам. За сон можеби, за книга, за филм, за приказна...
Која книга ќе ја читаш?
-Некоја за животот...
Каков филм ќе гледаш?
-Некој за животот...
А што со твојот живот?
-Виси на конец...
Длабоко во сивилото, одвреме навреме проблескуваат ѕвездите што сум Јас. Тие се сламки, зарем не? Ги бркам низ вртлогот, и кога ќе ги фатам велат, излези од овде, бркај го сонцето, и тие му зборуваат на битието во мене како на Човечко Битие, но Човекот спие. Ѕвони некој на предната врата - Срзе вели да одиме на Маврово... Се разбира...
...Се возиме низ маглата, повремено лизгајќи се на автопатот. Се возиме низ маглата, мислите ни смрзнале од снегот, а зимската идила ги дозгаснува и оние мали искри радост кои останале од утринското кафе или чоколадото чиј кисел послевкус сеуште се нишка низ устата. Окото не е истренирано да ја забележи разликата, но маглата е се пожолта. Погледни! Зошто онде снегот е син?
Бидејќи таму има сонце...
Sunday, December 30, 2007
Tuesday, December 4, 2007
Малку да се повозам низ градот...
Дува ветер. Облаците како духови лебдат над градот, црвени скелети на одамна изумрени суштества се движат по темносиното небо. Се прашувам како е да не набљудуваат, дали откриваат нови работи или честопати велат: „Да, да! И мене ми се има случено тоа.“. Не сум повеќе сам, дури ни кога нема никој околу мене. Не сум сам ни во толпата, ниту пак во мрачните улички по чии темни агли како печурки растат уши. Дури и во најголемата заљубеност, во страсти каде може да изгори еден човечки живот, во гнев и омраза, во смртта, нема да бидам сам. Јас сум мојот животен сопатник.
...погледнувам во ништавилото, таа добро позната бездна на моето срце, и се смеам над неа... знам како да пливам во твоите води...
Не одам веднаш дома. Можеби вечерва, како во старите денови, ноќта ќе му открие тајни на ова мое ново срце. Ветрот дува низ мене и спокојно ги трга прашината и пајажините. Возам понатаму.
...Колата е жена. Го палиш ладниот мотор и постепено додаваш гас за да се загрее. Почетокот на предиграта е најважен и од тоа зависи целото возење. Ако нагло го форсираш моторот, пред да ја достигне состојбата на оптимална работа, при целото возење, запирање и тргање ќе те следи најнепријатниот звук, како да фали една нота во вртењето на моторот. Таа нота, се разбира ја слушаат само оние кои посветиле внимание на колата како битие. Откако го постигне оптималниот вртежен момент, топлина и механичка спрега, моторот е спремен да одговара на твоите желби, да копнее по предизвици и да биде нахранет почит. Патот е твој. Чуствувај го како дел од тебе. Патот е сето она што доаѓа без разлика дали копнееш по тоа или не. Предвиди ја својата кола на лентата, како да го предвидуваш чекорот на својата нога. Осети ја болката на дупките, осети го летот на автопатот и дозволи да бидеш колата. Таа сака и груба игра, а ако бидеш премногу нежен може и да се олади, но нека те води вербата и патот. Секој момент ќе биде единствен и скапоцен...
Градот е празен. На улиците осветлени од усвитени жарчиња лево-десно се движат лисјата. Градот се менува, неговиот мирис е поинаков, се чувствува дека дури ни дневното пулсирање не оди по стариот тек. И јас истотака се менувам. Вечерва градот е мој град. Вечерва кога нема никој, излегуваат луѓето како мене. Во оваа празнотија, ако сретнам друг човек, тој нема да биде странец, тој ќе биде налик мене и не смеам да го одминам, туку морам да го поздравам. Се прашувам зошто градот почна да се менува во исто време кога и мојата промена созрева. Дали тој ме владее мене?! Дали јас владеам со него?! Најверојатно имаме заеднички господар.
Најдов ново место. Се чувствувам како дома. Ја гледам реката и нејзиното упорно течение кое ми зборува за сите места кои ги поминала и патот кој го изодела додека ги изгради своите прекрасни меандри. Ветрот е промена. Промената е добра. Не се плашам повеќе од промената. Морници ми минуваат само кога стојам во место. Сега ја сакам промената, ја почитувам. Знам дека работите минуваат, емоциите бледеат, младоста венее, страста гасне. Само едно нешто останува - Јас сум од оваа страна на оквирот, и без разлика што ми се случува, Јас ќе останам. Водата останува, и ги памти ветувањата што си си ги дал себеси, и на оние што ги сакаш.

Thursday, November 8, 2007
A troubled mind...
"Through me the afflatus surging and surging, through me the current and index." - Walt Whitman
...Ден по ден минува но никаде ја нема светлината која ги осветлуваше мислите на моето раѓање. Ова е како да се наоѓам во еден поинаков свет, свет без бои, без контрасти. Ова е светот на Обичниот Човек. Ден по ден минува, а низ денот бесцелно талкам јас, и кога го среќавам мојот секојдневен непознат најдобар пријател, го прашувам „Зарем нема нешто повеќе?“. Тој вели „Што повеќе Горјан, ова е Тоа, тоа е Тоа, светот е Tаков, Македонија е Tоа, Tакви се жените... што повеќе? Кој те научил да бараш повеќе?“ и потоа продолжува да говори за светот што тој го гледа - редица зборови, кои едноставно пропаѓаат во празнината, бесмислено звучат. Овој момент зборува - „Гледам во тебе, гледам низ тебе, гледам како зборуваш, но нема глас. Го знам секој нареден збор што ќе го изговориш, го знам секој твој нареден израз. Ти звучиш како илјадници луѓе, милиони дури, но нема глас.“
Минува денот, минува мојот живот низ денот и секој ден се повеќе умирам наместо се повеќе да живеам. Ова е свет каде да сакаш значи само да посакуваш, бидејќи да љубиш е нешто непознато - нова идеја која умот едноставно само ја отфрла. За да љубиш, треба да знаеш да почитуваш, но како да почитуваш, кога твојата личност е парченца стакло од кои нејасно одблескува најблискиот неонски знак.
Секој ден станувам од креветот, но сеуште не сум се разбудил, не го чувствувам битието во мене, јас непостојам. Преку денот, насекаде сме заведени од лесноумни, безначајни емоции, ламтеж, копнеж по храна и највеќе - пари. Значењето на животот се дезинтегрира на мали делчиња кои не остваруваат никаква целина - секс, храна, сигурност, место за живење, акумулација на богатство, претопување, се додека на нашиот грб се влечат обврските - испит кој треба да се положи, краен рок за завршување на работа, каматни стапки на кредитите кои треба да се отплатат.
Како при сето ова да се воздигне Обичниот Човек во едно опевање, кога сите негови проблеми се проблеми на една ситна душа?! Само еден проблем вирее во длабочините на душата, колку плитки и да изгледаат: Тагата и копнежот на душата да биде слободна, да биде голема душа која твори, која го допира и вкусува светот; Тагата на човекот по Човекот. Обичнииот Човек се губи себеси во секојдневието, и дозволува да биде заведен од сопствените каприци, се создава себеси како парче од една машина која бесцелно функционира. Зарем ретко ги слушаме зборовите кои велат „Овој свет е манифестација на борба на интереси. Овој свет е свет на пари, некои збогатуваат, некои осиромашуваат, но парата понатаму го врти светот.“. Тоа не се зборови со кои се опишува овој разновиден свет, полн со мистерии, кој повикува да биде откриен, кој чека Нови Луѓе во своите пазуви. Тоа се едноставно зборови на оние кои научиле да просудуваат според туѓи критериуми, а погледни, сите критериуми се еднострани, и сите критериуми се менуваат. Тоа се зборови на Обичниот човек, кој е еволуиран од медиумите, кој е мотивиран од медиумите, тоа се зборови на оној кој заборавил да биде себеси.
Надвор од општеството - Јас Спознавам...

Sunday, November 4, 2007
Увертира пред патоказот
Ако си сама,
Седиш пред патоказот, патиштата ги знаеш,
Ако е тивок ветрот,
И ако твојот глас се здушува во празниот простор,
Ако срцето ти кипти и крвариш во себе,
И секојдневно се вртиш безглаво низ кругот,
Ако копнееш да допреш до некој налик тебе,
Дојди овде, да си играме, и јас сум „нешто друго“.
...посветено на Ана
...наменето за моите пријатели, и сите „нешто друго“

Subscribe to:
Posts (Atom)