"Through me the afflatus surging and surging, through me the current and index." - Walt Whitman
...Ден по ден минува но никаде ја нема светлината која ги осветлуваше мислите на моето раѓање. Ова е како да се наоѓам во еден поинаков свет, свет без бои, без контрасти. Ова е светот на Обичниот Човек. Ден по ден минува, а низ денот бесцелно талкам јас, и кога го среќавам мојот секојдневен непознат најдобар пријател, го прашувам „Зарем нема нешто повеќе?“. Тој вели „Што повеќе Горјан, ова е Тоа, тоа е Тоа, светот е Tаков, Македонија е Tоа, Tакви се жените... што повеќе? Кој те научил да бараш повеќе?“ и потоа продолжува да говори за светот што тој го гледа - редица зборови, кои едноставно пропаѓаат во празнината, бесмислено звучат. Овој момент зборува - „Гледам во тебе, гледам низ тебе, гледам како зборуваш, но нема глас. Го знам секој нареден збор што ќе го изговориш, го знам секој твој нареден израз. Ти звучиш како илјадници луѓе, милиони дури, но нема глас.“
Минува денот, минува мојот живот низ денот и секој ден се повеќе умирам наместо се повеќе да живеам. Ова е свет каде да сакаш значи само да посакуваш, бидејќи да љубиш е нешто непознато - нова идеја која умот едноставно само ја отфрла. За да љубиш, треба да знаеш да почитуваш, но како да почитуваш, кога твојата личност е парченца стакло од кои нејасно одблескува најблискиот неонски знак.
Секој ден станувам од креветот, но сеуште не сум се разбудил, не го чувствувам битието во мене, јас непостојам. Преку денот, насекаде сме заведени од лесноумни, безначајни емоции, ламтеж, копнеж по храна и највеќе - пари. Значењето на животот се дезинтегрира на мали делчиња кои не остваруваат никаква целина - секс, храна, сигурност, место за живење, акумулација на богатство, претопување, се додека на нашиот грб се влечат обврските - испит кој треба да се положи, краен рок за завршување на работа, каматни стапки на кредитите кои треба да се отплатат.
Како при сето ова да се воздигне Обичниот Човек во едно опевање, кога сите негови проблеми се проблеми на една ситна душа?! Само еден проблем вирее во длабочините на душата, колку плитки и да изгледаат: Тагата и копнежот на душата да биде слободна, да биде голема душа која твори, која го допира и вкусува светот; Тагата на човекот по Човекот. Обичнииот Човек се губи себеси во секојдневието, и дозволува да биде заведен од сопствените каприци, се создава себеси како парче од една машина која бесцелно функционира. Зарем ретко ги слушаме зборовите кои велат „Овој свет е манифестација на борба на интереси. Овој свет е свет на пари, некои збогатуваат, некои осиромашуваат, но парата понатаму го врти светот.“. Тоа не се зборови со кои се опишува овој разновиден свет, полн со мистерии, кој повикува да биде откриен, кој чека Нови Луѓе во своите пазуви. Тоа се едноставно зборови на оние кои научиле да просудуваат според туѓи критериуми, а погледни, сите критериуми се еднострани, и сите критериуми се менуваат. Тоа се зборови на Обичниот човек, кој е еволуиран од медиумите, кој е мотивиран од медиумите, тоа се зборови на оној кој заборавил да биде себеси.
Надвор од општеството - Јас Спознавам...
Thursday, November 8, 2007
Sunday, November 4, 2007
Увертира пред патоказот
Ако си сама,
Седиш пред патоказот, патиштата ги знаеш,
Ако е тивок ветрот,
И ако твојот глас се здушува во празниот простор,
Ако срцето ти кипти и крвариш во себе,
И секојдневно се вртиш безглаво низ кругот,
Ако копнееш да допреш до некој налик тебе,
Дојди овде, да си играме, и јас сум „нешто друго“.
...посветено на Ана
...наменето за моите пријатели, и сите „нешто друго“
Седиш пред патоказот, патиштата ги знаеш,
Ако е тивок ветрот,
И ако твојот глас се здушува во празниот простор,
Ако срцето ти кипти и крвариш во себе,
И секојдневно се вртиш безглаво низ кругот,
Ако копнееш да допреш до некој налик тебе,
Дојди овде, да си играме, и јас сум „нешто друго“.
...посветено на Ана
...наменето за моите пријатели, и сите „нешто друго“
Subscribe to:
Posts (Atom)