Sunday, November 4, 2007

Увертира пред патоказот

Ако си сама,
Седиш пред патоказот, патиштата ги знаеш,
Ако е тивок ветрот,
И ако твојот глас се здушува во празниот простор,

Ако срцето ти кипти и крвариш во себе,
И секојдневно се вртиш безглаво низ кругот,
Ако копнееш да допреш до некој налик тебе,
Дојди овде, да си играме, и јас сум „нешто друго“.


...посветено на Ана
...наменето за моите пријатели, и сите „нешто друго“

1 comment:

Unknown said...

Увертирата кон еден духовен пат е како вртешка што се врти самата од себе.