Доаѓа маглата, носејќи сон и лудило, облевајќи ги своите лепливи прсти околу предметите. Во овој свет, длабок и слеп, сите ние сме само предмети. Наеднаш исчезнува сета надеж дека постоиме во светот и ние ги затвораме очите.
...во заднината на тилот се слуша тупкањето на срцето, осаменоста скапо наплаќа за нејзиното присуство... пред нас сеништа, зборуваат се погласно и погласно, а нивното пиштење го боде умот. Со секој искажан збор, сеништето ти го боде срцето. Се отвара празнината и проголтува... отиде надежта, насреде црнилото бледее тивката песна на молитвата, згаснува радоста, и наеднаш сум гладен.
За што си гладен?
-Не знам. За сон можеби, за книга, за филм, за приказна...
Која книга ќе ја читаш?
-Некоја за животот...
Каков филм ќе гледаш?
-Некој за животот...
А што со твојот живот?
-Виси на конец...
Длабоко во сивилото, одвреме навреме проблескуваат ѕвездите што сум Јас. Тие се сламки, зарем не? Ги бркам низ вртлогот, и кога ќе ги фатам велат, излези од овде, бркај го сонцето, и тие му зборуваат на битието во мене како на Човечко Битие, но Човекот спие. Ѕвони некој на предната врата - Срзе вели да одиме на Маврово... Се разбира...
...Се возиме низ маглата, повремено лизгајќи се на автопатот. Се возиме низ маглата, мислите ни смрзнале од снегот, а зимската идила ги дозгаснува и оние мали искри радост кои останале од утринското кафе или чоколадото чиј кисел послевкус сеуште се нишка низ устата. Окото не е истренирано да ја забележи разликата, но маглата е се пожолта. Погледни! Зошто онде снегот е син?
Бидејќи таму има сонце...
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
1 comment:
[url=http://wmtraffs.ru/]WMTraffs.ru[/url] - зарабатывай бабло, раздавая ссылки с этой партнёрке
Проект WMTraffs.ru предлагает всем способ заработать на своих ссылках, не имея своего сайта. Такженаш сайт предоставляет выкуп трафика с сайтов с помощью технологий popunder, clickunder, растяжка в шапке, обычные баннера.
Post a Comment